Во Вардар не се снајде, но во Динамо брани зицери во серија (ВИДЕО)

Членот на Вардар од вториот шампионски состав, Калифа Гедбан од стартот на сезоната се покажува во одлично издание на голот на тимот на Динамо Букурешт.

На последната средба на која екипата од Романија загуби на гостувањето во Украина, против Мотор со 27:28, Гедбан имаше одлични интервенции, а две останаа забележани посебно.

Тој успеа да го запре Ајденас Маласинскас. Прво му одбрани пенал, а потоа откако топката се одби до ракометарот на Мотор му одбрани и зицер од шест метри.