Војводина го тресна Партизан пред армија „Гробари“ и прослави нова титула!

Тимот на Војводина од Нови Сад ја освои десеттата шампионска титула по ред во Србија, откако славеше и на вториот меч од финалната серија против Партизан.

Војводина победи на „Бањица“ со 28-20 пред армија на „Гробари“, иако на полувреме беше нерешено, 9-9.

Со 2-0 во победи тимот од Нови Сад одново се искачи на српскиот трон, за кој сезоната имаше сериозен ривал. За разлика од првиот меч на овој немаше инциденти, па се гледаше убав ракомет.

Кај Војводина најдобри беа Марко Васиќ со шест и Дарко Миленковиќ со пет гола, додека кај Партизан се истакнаа Никола Зечевиќ и Урош Којадиновиќ со по пет погодоци.

За тимот од Нови Сад нема време за славење и одмор, бидејќи веќе в сабота ги чека првиот меч од финалето на Европскиот Куп против норвешкиот Нербо.