Вори: Во Загреб им се допаднаа моите идеи, време е да го пренесам сето мое знаење

Новиот тренер на ППД Загреб, Игор Вори доаѓа на местото на Веселин Вујовиќ, а во своите први коментари како тренер најавува дека ќе се обиде да биде најдобар колку што може за тимот и да се обиде да придонесе многу за напредок и на играчите и на екипата.

„Морам да признаам дека сум многу возбуден, среќен и горд што станав тренер на својот матичен клуб. Сакам да им го пренесам своето знаење на младите играчи. Сето она што успеав да го соберам како знаење сега да им го понудам на нив. Некои се изненадени со мојата одлука да се решам за тренерската задача. Како спортски директор на Ракометниот сојуз на Хрватска јас будно внимавав на клубот, често комуницирав со функционерите на тимот за играчите и другите области. Кога стигна понудата од Загреб, им се допаднаа моите идеи. Се надевам дека заедно ќе направиме добра работа во развојот не само на клубот туку и на целиот хрватски ракомет. Подготвен сум за предизвиците“, вели Вори.

Тој својата кариера како играч ја заврши во овој клуб, а тука и се докажа како ракометар. Сега има можност и тренерската кариера да ја почне на исто место.