Возбудлив ден, Будуќност без сили, трилер завршници во Будимпешта и Копривница

Во 7. коло од Лигата на шампионите имаше интересни натпревари, а шампионот на Црна Гора, Будуќност не успеа да се израдува на првата победа откако доживеа нов пораз овој пат на гостувањето во Франција од Брест Бретањ со резултат 21:25.

Избраничките на Бојана Поповиќ одиграа одлично прво полувреме, иако лошо стартуваа на почетокот. Во продолжение, сепак, успеаја да дојдат до водство од 12:11 со голот на Плетикосиќ на неполни три минути пред крајот на првиот дел. По големата борба, на пауза и двете екипи заминаа со нерешен резултат, 12:12.

Ракометарките на Брест Бретањ ја диктираа играта во второто полувреме. Будуќност заостануваше на гол до два негатива до 55. минута, додека поискусната екипа во последните пет минути направи серија од 2:0 и прослави победа со четири гола разлика, 25:21.

Во редовите на Будуќност најефикасна со пет гола беше Илда Кепиќ, додека нејзината колешка, Матеа Плетикосиќ постигна четири.

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Итана Грбиќ беше стрелец на победничкиот гол за екипата на ФТЦ Будимпешта која го доби дерби натпреварот против ЧСМ Букурешт со 31:30. Црногорката го заврши натпреварот како најефикасна во нејзината екипа со шест гола. Во ЧСМ Букурешт стрелците ги предодеше Кристна Неагу со седум гола.

Ростов Дон имаше многу среќа на гостувањето во Копривница, триумфираше против Подравка со еден разлика, 23:22. Избраничките на Невен Хрупец не го реализираа последниот напад за реми, тоа значеше нови бодови на контото на Ростов Дон. Во Подравка како најефикасна се истакна репрезентативката на Романија, Бјанка Базалиу со седум гола. Во Ростов Дон, Јулија Манагарова беше прв стрелец со пет гола.

Ѓер со победата против Кастамону од 37:20 остана непоразен во групата Б. Со денешниот пораз, Кастамону останува на дното на табелата во својата група.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 7.  КОЛО

ГРУПА А

БРЕСТ БРЕТАЊ – БУДУЌНОСТ 25:21 (12:12)

ФТЦ БУДИМПЕШТА – ЧСМ БУКУРЕШТ 31:30 (20:16)

ПОДРАВКА – РОСТОВ ДОН 22:23 (13:13)

НЕДЕЛА, 14 НОЕМВРИ

14:00ч

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЕСБЈЕРГ

ТАБЕЛА: 1. ФТЦ Раил Карго 12 бода (198:185); 2. Ростов Дон 10 (178:164); 3. Есбјерг 9 (163:142); 4. Брест 8 (194:179)…

ГРУПА Б

ЃЕР – КАСТАМОНУ 37:20 (19:9)

НЕДЕЛА, 14 НОЕМВРИ

14:00ч

ЦСКА МОСКВА – КРИМ МЕРКАТОР

16:00ч

ОДЕНЗЕ – КРИСТИЈАНСАНД

САВЕХОФ – МЕЦ

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 14 бода (240:171); 2. Мец 8 (138:120); 3. Одензе 8 (169:159); 4. Кристијансанд 6 (171:161).