Владата ја смени одлуката, нема задолжителни тестови пред секој натпревар

Најновата одлука на Владата донесена на последната седница им донесе олеснување на клубовите со промена на протоколот за одржување на спортски натпревари.

После реакцијата на клубовите беше даден нов предлог кој беше усвоен од страна на Владата, па според новиот протокол нема да има задолжителен тест на Ковид 19 од минимум 72 часа пред секој натпревар.

Одлуката која ја донесе Владата претходно налагаше тестирање пред секој натпревар од најмалку 72 часа и истите требаше да бидат на товар на клубовите. Тоа допринесе за експресно стопирање на натпреварите.

Сепак, новоста вели дека работите се менуваат, а на седница одржана на 3 ноември се вели дека Владата го прифатила предлогот на Комисијата за заразни болесни при Министерството за здравство за претстанување на важење на препораката во однос на задолжителното ПЦР тестирање на играчите и тренерите на 72 часа пред натпреварите.

Ова значи дека во продолжение од сезоната ќе има тестирање само во случај на симптоми кај спортистите така што се очекува веќе следниот викенд да дојде до продолжување на сезоната во Супер машката и во Супер женската лига.