Владата прогласи тридневна жалост, одложени три натпревари

После сообраќајната несреќа во Бугарија во која животот го загубија 45 државјани на Македонија, Владата прогласи тридневна жалост што значеше одлагање на сите натпревари на домашна сцена, освен на меѓународните.

Поради ова денеска нема да биде одигран дуелот меѓу Вардар и Овче Поле СУ од Супер женската лига закажан за денеска од 19:30 часот.

Одложени се и две средби од младинските лиги. Денеска нема да бидат одиграни натпреварите меѓу Илинден Вардар-Вардар (Кадетска женска лига) и Металург – Голден Арт (Младинска машка лига). Затоа овие натпревари ќе добијат нови термини.

Што се однесува до меѓународните средби на Еурофарм Пелистер против Татабања во Лигата на Европа (денеска) и Вардар против Пик Сегед во Лигата на шампионите (в четврток) тие ќе бидат одиграни во предвидените термини.