08.11.2019. Koprivnica - 5 kolo Lige prvaka u rukometu za zene izmedju HC Podravka Vegeta i Metz Handball. Ana Debelic Photo: Marko Jurinec/PIXSELL

Викендов ќе има средби од ЛШ: Познати термините за одложените средби

Вториот викенд од јануари ќе биде резервиран за натпреварите од Лигата на шампионите во женска конкуренција кои поради ковид пандемијата беа одложени.

На програмат се три дуели, а екипата на Подравка патува во Данска каде за противник го има Одензе во рамките од 7. коло од ова натпреварување од Б групата.

Тимот од Данска има потреба од бодови за освојување на една од првите две позиции. Подравка на овој натпревар  ќе настапи без притисок и со голема мотивација за што подобар пласман во втората група. Моментално ракометарките на Подравка имаат една победа и пет порази.

Во Москва ќе се игра интересен и неизвесен натпревар. ЦСКА на Сара Ристовска ќе се обиде и во вториот натпревар против Брест Бретања да триумфира. Првиот натпревар одигран во Франција го доби составот од Москва со резултат 30:28.

Составот на Будуќност, кој сега е предводен од Бојана Поповиќ ја пречекува екипата на Борусија Дортмунд. Овој натпревар е од голема важност за ракометарките на Будуќност доколку сакат да останат во игра за првите две позиции на табелата.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ОДЛОЖЕНИ СРЕДБИ (9 ЈАНУАРИ)

16:00ч

ЦСКА МОСКВА – БРЕСТ

ОДЕНЗЕ – ПОДРАВКА

18:00ч

БУДУЌНОСТ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД