Ветеранот Лијевски уште четири години во Келце!

Иако се очекуваше да ја заврши играчката кариера, сепак ветеранот Криштоф Лијевски потпиша договор на четири години со полскиот шампион Келце.

37-годишниот десен бек, сепак нема да биде активен на теренот сите четири години, туку ќе ја игра само уште една следната сезона.

Освен што ќе биде поддршка за Алекс Душебаев и Бранко Вујовиќ, Лијевски ќе му биде помошник и на Талант Душебаев.

По крајот на сезоната 2020/2021, Лијевски ќе ја заврши играчката кариера и ќе се посвети само на тренерската.

Келце е еден од противниците на Вардар во новата сезона на Лигата на шампионите.