Веспрем „негативен“ ќе патува на фајнал-фор во Келн

Завршниот турнир од Лигата на шампиони за мажи за сезоната 2019/20 конечно ќе се одигра на 28 и 29 декември во добро познатата Ланксес арена во Келн. Овој пат во поинакви услови без гледачи Европа ќе го добие новиот шампион кој ќе биде наследник на Вардар.

Коронавирусот предизвика огромни проблеми и секое ново тестирање на играчите и стручните штабови е неизвесност и исчекување. Еден од учесниците, екипата на Веспрем го имаше последното тестирање и е подготвена за настап.

Како што информираа од Веспрем на официјалните страни на социјалните медиуми, на утринското тестирање сите ракометари, тренери и членови на стручниот штаб се негативни на коронавирус.

Тимот во недела наутро патува за Келн на фајнл-фор турнирот каде што ќе се обиде да стигне до првата титула европски шампион. Противник на Веспрем во полуфиналето ќе му биде Кил.