Веспрем и Манасков убедливи во првенството на Унгарија, го решија и Дабас

Ракометарите на Веспрем немаа големи проблеми на денешниот натпревар против Дабас во првенството на Унгарија и обезбедија убедлива победа со високи 38:20.

Уште на самиот старт фаворитот ја потврди својата улога и со повеќе ангажираност во вториот дел стигна до висока победа. Шанса доби секој ракометар од клупата, а најефикасен беше Андреас Нилсон со седум гола.

Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков, беше меѓу главните стрелци и натпреварот го заврши со пет постигнати погодоци од осум удари.

По овој натпревар ракометарите на Веспрем ќе имаат неколку денови подготовки за дерби дуелот од домашниот шампионат против ПИК Сегед. Натпреварот се игра в недела со почеток од 18 часот.