Веспрем ги промовираше новите лица (ФОТО)

Екипата на Веспрем ќе влезе со измени во новата сезона, а во тие измени се вклучени и неколку нови ракометари кои треба да бидат освежување на теренот. Новиот тренер Момир Илиќ на располагање ќе има нешто подмладен тим, а во екипата има четворица нови.

Се работи за млади ракометари, а денеска беа истите претставени така што е веќе јасно дека дресот на Веспрем го облакаат Марк Бодор (лев бек), Борис Дернеи (десно крило), Зоран Илиќ (десен бек) и Петер Лукач (среден бек).

Младите играчи ќе треба да донесат свежина во екипата, а ова ќе биде сезона во која тимот доживува реконструкција и ќе биде доста тешко да се повторат успесите од минатите години кога Веспрем беше неприкосновен во Унгарија.

Четворицата ракометари се од Академијата на Веспрем и добро знаат што значи да се носи дресот на овој тим, па сезоната 2021/22 ќе биде тест за сите во клубот и за промените кои се направени после заминувањето на тренерот Давид Дејвис како и ракометарите Борозан, Шишкарев, Маркусен…