Веспрем без Манасков едвај до триумф кај Нексе

Ракометарите на Нексе и Веспрем во Нашице одиграа интересен и неизвесен натпервар во четврфиналето од СЕХА лигата кој после голема борба го доби гостинската екипа со 33:35.

Натпреварот започна многу ефикасно на двете страни, се играше многу брзо со лесна реализација. После десет минути игра беа постигнати 14 гола, а резултатот беше израмнет 7:7. Прва до повисоко водство стигна екипата на Нексе во 16. минута кога водеше 13:10.

Добрата игра на Нексе продолжи и во наредниот период, Морено Цар беше одличен на голот со неколку одбрани од чисти позиции. Во нападите перфектно реализираа Фран Милета и Халил Јагањац за највисоки пет гола предност во 22. минута од 17:12.

Но тука започна враќаето на Веспрем, избраниците на Момир Илиќ се разбудија и започнаа неверојатна серија од 8:0 за шест минути и водство од 20:17 во 29. минута од првиот дел. На полувремето Веспрем имаше добра предност од 22:18.

Во вториот дел Веспрем успеваше да ја задржи предноста се до средината кога Нексе по подолго време успеа да стингне до израмнување. Добриот период на хрватскиот тим продолжи и тие повторно беа во водство со погодокот на Баришиќ во 49. минута поведоа со 29:28.

До крај на натпреварот Веспрем направи уште еден пресврт на резултатот и до крај стигна до победата. Најефикасен во победничкиот тим беше Гаспер Маргуч со деве погодоци, а по четири постигнаа Јахија, Ненадиќ и Штрлек. Дејан Манасков не беше во составот на Веспрем за овој меч поради стомачен вирус. Во екипата на Нексе, Јагањац со десет гола беше прв стрелец, а Милета постигна осум гола.