Велигденски ракометен маратон – за една недела во Македонија ќе се одиграат 74 натпревари!

Ракометната сезона во Македонија е во полн ек, се игра во сите конкуренции, а од денеска па до следната среда ќе бидат одиграни вкупно 74 натпревари.

Суперлигашите ќе бидат активни цела недела, со исклучок на недела кога се празнува Велигден, со едно редовно и едно вонредно коло.

Во Женската лига дел од мечевите ќе се играат во текот на оваа недела, додека дел од нив ќе бидат одиграни следните вторник и среда.

Освен во сениорска конкуренција, значителен број натпревари ќе бидат одиграни и во сите младински конкуренции – младинци, младинки, кадети, кадетки, пионери и пионерки.

Во дел од младинските лиги веќе се познати тимовите што ќе играат во четвртфиналето, додека во дел од нив допрва ќе бидат познати патниците во следната фаза.

Ракометен маратон, 12-19 април:

Супер лига: 16 натпревари
Женска лига: 6 натпревари
Прва лига: 8 натпревари
Младинци: 7 натпревари
Младинки: 3 натпревари
Кадети: 11 натпревари
Кадетки: 6 натпревари
Пионери: 11 натпревари
Пионерки: 6 натпревари