Вајлупов е спасителот на Мешков, со два гола донесе бод против Монпелје

Ракометарот кој следната сезона ќе игра за тимот на Веспрем, Никита Вајлупов уште еднаш покажа дека е едно од најдобрите десни крила во светот откако постигна два гола во последните минути од средбата и со нив донесе реми од 31:31 и важен поен за својот тим против Монпелје.

Во текоте на целата средба имаше надигрување и неизвесност. Нијанси беа во прашање кој ќе дојде до победа на овој натпревар, но на крајот никој не успеа да се израдува на триумф туку само на по еден бод.

И двете екипи добија по едно полувреме во резултатски поглед иако имаа свои периоди постојано. Составот на Монпелје беше во предност во првите 30 минути со 18:17. Тогаш се играше и поефикасно, а потоа во продолжение одбраните беа на повисоко ниво.

Сепак, главното се случуваше во последните шест минути во кои се влезе со нерешени, 29:29. Валиниус и Пелас донесоа 31:29 за Монпелје, но потоа Вајлупов врати, па на крај имаше само по еден бод и за едните и за другите.

Вајлупов беше и најефикасниот со девет гола во редовите на Мешков, додека прв стрелец на средбата до 13 гола беше Лукас Пелас од Монпелје.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140