Вардар тргна одлично, но Келце фуриозно стигна до плус шест на одмор

Екипата на Келце имаше одлично прво полувреме против Вардар и на одмор има 18:12 Вардар иако имаше добри седум минути во кои водеше со 5:2, не успеа да се носи со фуриозната игра на противникот, па на одмор има голема негатива.

Вардар тргна добро во натпреварот. Неколку минути беа доволни за да се дојде до предност од три гола разлика. Тоа се случи во 7. минута кога Вардар имаше водство од 5:2.

Сепак, овие три гола позитива беа загубени за само две минути, па во 9. минута веќе беше 5:5. Од тој момент се влезе во краток период во кој имаше голови на двете страни наизменично, а така беше до 10:10 во 17. минута од средбата.

Тука имаше мало опуштање во нападот односно шутевите не беа така силни за да донесат реализација, па голманот Матеуш Корнецки успеа да се истакне. На тој начин помогна Келце да дојде до предност од 15:10 во 22. минута.

Лошиот период беше прекинат од Дибиров во 24. минута кога го постигна 11 гол за Вардар. Се играше брзо и активно, па имаше и многу голови.

До крајот на првото полувреме имаше уште по некој гол на двете страни, а на одмор се замина со резултат од 18:12 во корист на Келце.

Во овој дел од средбата пет играчи на Вардар имаат по два гола, а тоа се Дисингер, Јотиќ, Чупиќ, Стоилов и Дибиров. По еднаш прецизни беа Гаџа и Вујин. Аркадиуш Морито со седум гола е прв стрелец на Келце и најефикасен на средбата.