Вардар со триумфален старт на турнирот во Романија

Тимот на Вардар со победа стартуваше на турнирот во Романија, откако славеше против Јаши со 32-30.

Романскиот прволигаш имаше предност на паузата со два гола, 15-13, но избраничките на Александар Царчев направија пресврт во второто полувреме.

Вардарки поведоа со 27-24, а предноста успеаја да ја задржат до крај и да се радуваат на победа.

Ивона Трпевска беше најдобар стрелец во македонскиот тим со девет гола, осум пати погоди Тошевска, додека Минова стрелаше седум пати.

Во следните два меча, Вардар треба да игра со Слобозиа и со Дева.