Вардар со нова победа – Дибиров и Кристопанс најдобри против Металург

Европскиот шампион Вардар по триумфот на првата средба против Еурофарм Пелистер, славеше и на вториот пријателски натпревар против Металург со убедливи девет голови разлика.

Избраниците на Стевче Алушовски победија со 35-26, но на полувреме имаа само предност од два гола.

Најдобар кај победникот беше Тимур Дибиров со осум гола, го следеше Даинис Кристопанс со шест, додека Чупиќ и Скубе реализираа по пет пати.

Ова беше последната контрола за Вардар пред натпреварот од Лигата на шампионите против Кил на 5 февруари.