Вардар со негатива од еден гол на пауза против Монпелје

На крајот од првите 30 минути на дуелот против Монпелје, ракометарите на Вардар имаат негатива од еден погодок. Гостите од Франција водат со 14:13, но беше прикажана солидна игра од двете страни така што тука ќе има надигрување до последната минута.

Од стартот на натпреварот Вардар го имаше резултатот под своја контрола. Отвори Стоилов со два гола, а ова водство беше најава за одлично продолжение на средбата и и истото се зголемуваше. Во 9. минута беа обезбедени 5:1, а тоа се должеше на добрата одбрана и неколку интервенции на Кизиќ, кој брани во сè подобра форма во Лигата на шампионите.

Сепак, овие четири плус ги снема набрзина. После 6:3 во 12. минута набрзина гостите направија 3:0 и на средина од првиот дел резултатот беше нерешен. Се влезе во мал период во кој се играше гол за гол, а притоа Вардар беше тимот што имаше предност додека Монпелје израмнуваше.

Меѓутоа после 8:8 беше загубена една топка, а Дескат казни за 8:9. Веќе во следната акција по одбрана на Шего истиот играч зголеми и на два разлика, па ова беше првпат тимот на Монпелје да има ваква предност на овој натпревар.

[soliloquy id=”124699″]

За новото водство на Вардар мораше да се почека до 25. минута. Истото дојде после серија од 3:0 откако тимот на Монпелје имаше 11:9. Вардар го сврте мечот одново во своја корист и водеше со 12:11, но гостите не се предаваа.

До крјаот на првиот дел Монпелје успеа да го врати водството и на пауза да замине со водство од 14:13, па во вториот дел „црвено-црните“ ќе мораат да надоместат. После 30 минути најефикасен воредовите на Вардар е Стоилов со четири гола, додека три има Чупиќ. Во Монпелје четири гола има Дескат.