Вардар со висока победа на првиот тест

Ракометарките на Вардар го одиграа првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

Избраничките на Драгана Ристова и Александар Царчев славеа убедлива победа на гости кај тимот на Спартак со 22-37.

Победникот беше познат уште по првото полувреме, кога „црвено-црните“ ракометарки за кои настапи и Татјана Хмирова, имаа водство од осум голови, 11-19.

Вардарки викендов ќе одиграат уште еден тест натпревар против претставникот во ЕХФ Купот, Куманово.