СТРУГА 2021: Вардар сигурен против домаќинот на отворањето на турнирот

Ракометарите на Вардар после поразот во Супер Купот на Македонија имаа сигурно отварање на 49. издание на Струшкиот турнир на кое го совладаа домаќинот Струга лесно и убедливо со 39:26.

Вардарци засилени со новите имиња во тимот во однос на вчерашното финале, Анте Кудуз, Јан Чувара, Џереми Тото и голманот Али Сафар доминираа во текот на целиот натпревар. Само почетните минути резултатот беше израмнет до 4:4. Следуваше првата серија на Вардар од четири гола со што се одлепи на 8:4.

Во продолжение рутински ја одржуваа предноста, а првпат Вардарци имаа пет предност кога поведоа со 14:9. До крајот на првото полувреме Струга се обиде да се врати во игра со напад 7 на 6 но и тоа не донесе резултат. После одиграни 30 минути Вардар веќе беше блиску до победата кога имаше предност од 21:14.

Почетокот на вториот дел повторно им припадна на избраниците на Велелин Вујовиќ, постојано одржуваа водство од седум до девет гола и сигурно го водеа натпреварот кон победа. Шанса за настап добија и помладите играчи на Вардар кои беа во тимот и покрај тоа Струга не успеа да ја намали негативата, а многу брзо разликата беше двоцифрена.

Стружани продолжија да форсираат игра без голман во нападите, но тоа не им носеше резултат односно грешеа во напад што играчите на Вардар го казнуваа. Во финишот Врдарци постигнаа неколку брзи и лесни голови за огромни 14 разлика.

Најефикасен во составот на Вардар беше Јан Чувара со седум погодоци, Тото Џереми погоси шестпати. Ефикасни беа и новите засилуања Анте Кудуз и Жоел Мораес со по четири гола.