Вардар се комплетира во вторник, доцни само Иван Чупиќ

На првиот тренинг на Вардар за новата сезона се појавија сите ракометари со исклучок на Иван Чупиќ за кого беше познато дека ќе задоцни.

Тренерот Стевче Алушовски објави која е причината поради која ракометарот од Хрватска доцни, но кажа дека не е ништо сериозно и дека за четири дена ќе биде заедно со колегите.

„Сите ракометари се во стројот, а единствен кој недостига е Иван Чупиќ. Тој има семејни обврски и не можеше да стигне. Доаѓа во вторник и тој ќе биде дел од екипата“, рече Алушовски.

Со комплетирањето во вторник продолжуваат тренинзите во комплетен состав така што ќе може да се имаат на терен сите ракометари на кои се планира за новиот шампионат.