Вардар се комплетираше – Чупиќ е веќе во Скопје

Европскиот шампион Вардар е комплетиран, откако хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ од завчера е во Скопје.

Десното крило по тестот за Ковид-19, ќе треба да ги мине и лекарските прегледи, па ќе може да му се стави на располагање на стратегот Стевче Алушовски.

Вардарци веќе тренираат и во сала, а првите проверки би требало да ги имаат на Струшкиот турнир од 12 до 16 август.

Првиот официјален натпревар „црвено-црните“ најверојатно ќе го имаат на 29 август во Скопје со хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице во рамките на осминафиналето од СЕХА лигата.