Вардар „пали“ мотори на 15 јули

Подготовките за новата сезона ракометарите на Вардар ќе ги почнат на 15 јули во Скопје. Екипата ќе остане во Скопје неколку денови и тука ќе се извршат потребните лекарски прегледи и ќе се тренира на физичката подготвеност.

Потоа екипата ќе замине на Златибор, Србија каде од 19 јули до 29 јули треба да ги завршат базичните подготовки и каде ќе се работи на физичката подготвеност. По враќањето од Златибор ќе се работи во Скопје.

Во август има покани за настапи на турнирот во Струга и на „Хумел купот“ во Магдебург. Се очекуваат точните датуми на овие турнири и ривалите за да може да се планира учеството.

Во август треба да се одиграат и двете четвртфинални средби од СЕХА лигата против Загреб, и за тие натпревари се очекува потврда на точните датуми и саатници.

Вардар ќе биде дел од групната фаза на Лигата на шампионите и сега се познати десет екипи што ќе учествуваат: Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Кил, Флензбург, ПИК Сегед, Келце и Порто. Другите шест места ќе бидат дополнително пополнети.