Вардар останува единствен клуб од главен град што освоил титула во ЛШ (ФОТО)

Францускиот ПСЖ загуби од Барселона со 37-32 во првиот полуфинален натпревар од завршниот турнир во Лигата на шампионите и со тоа пропадна шансата Париз да се запише како еден од главните градови на континентот кој има европски шампион.

По овој пораз на францускиот тим, скопски Вардар остана единствен тим во историјата на Лигата на шампионите на ЕХФ, како клуб од главен град што освоил титула.

Во историјата на Купот на европските шампиони, титули освојувале тимовите на Дукла Прага, Динамо Букурешт, ЦСКА Москва и Загреб, но во историјата на ЛШ, која се игра во ваков формат од сезоната 1993/94 само Вардар е тим од метропола што стигнал до трофејот.

Кој и да ја освои титулата во текот на утрешниот ден – Барселона, Веспрем или Кил, Вардар ќе остане уникатен по нешто во Европа.