Вардар ослабен против Мешков – нема да играат Кудуз и Чувара!

Тимот на Вардар го очекува вториот натпревар од Лигата на шампионите, а прв на домашен терен против Мешков Брест.

Тренерот Веселин Вујовиќ ќе има проблеми со составувањето на екипата, бидејќи Анте Кудуз има воспаление на тетивата.

Нема да игра ниту левото крило од Полска, Јан Чувара, кој на средбата со Радовиш го свиткал зглобот.

Во ростерот веројатно голманот Борко Ристовски, кој не беше дел од тимот што одигра во Елверум.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра в среда во СЦ “Јане Сандански” со почеток во 20:45 часот.