Вардар оди на Веспрем во осминафиналето на ЛШ!

Ракометарите на Вардар со пораз од Мешков Брест на домашен терен, 32-36, ја завршија групната фаза во Лигата на шампионите. После 14 одиграни кола вардарци се пласираа на 7. позиција во групата Б.

Сите учесници во групната фаза обезбедуваат пласман во осминафиналето, а противник на Вардар ќе биде добро познат ривал. Унгарски Веспрем ќе биде пречката за пласман во четвртфиналето.

Вардар во групната фаза забележа три победи, на три натпревари одигра без победник и доживеа осум порази за вкупно 9 бодови. Веспрем имаше добро издание во групната фаза и со девет победи и две нерешени средби, заврши веднаш зад Барселона во групата А.

И покрај тоа што коронавирусот создаваше огромни проблеми на ЕХФ и екипите, голем број натпревари беа одложувани сепак финишираше групната фаза. Во осминафиналната рудна претстојат интересни многу интересни дуели на кои екипите сигурно ќе влезат со максимален ангажман.