Вардар одигра супер седум минути, но на одмор има минус три против Келце (ФОТО)

Ракометарите на Вардар имаа одличен почеток на дуелот против Келце, но на одмор заминаа со негатива од три гола и резултат 13:16 Составот од Полска откако седум минути ја бараше играта со која ќе му парира на Вардар потоа успеа не само да се врати во ритам туку и да создаде предност.

Вардарци имаа одличен почеток на натпреварот. За седум минути игра ги запреа сите приоди кон голот на Ристовски, а воедно и тој со две интервенции помогна за да може натпреварот да стартува со резултат од 5:1.

Овие плус четири дадоа сигурност, но беа причина за кревање на нивото на игра во редовите на Келце. Тимот од Полска почна да игра далеку подобро и се врати во ритам. Веќе во 13. минута после неколку казнети грешки дојде до нерешени 7:7, па работите тргнаа од почеток.

Следуваше одново малку повеќе идеја во нападот од Вардар и ново водство, но од плус два, 9:7. Меѓутоа и ова траеше кратко бидејќи Келце одново израмни на 9:9, а потоа гостите не искористија две шанси за да дојдат и до прво водство.

Она што не им успеа во претходните два напади се случи во третиот откако ниту Вардар не реализираше. Имаше еден прекршок во напад, како и интервенција на Вулф, па Алекс Душебаев во 20. минута го донесе првото водство за тимот на Келце.

HC Vardar 1961 vs Kielce (Champions League, november 2020)

Екипата на Вардар претрпе нов пораз во Лигата на шампионите и тоа на домашен терен против тимот на Келце со 29:33. Сè уште актуелниот освојувач на Лигата на шампионите имаше само по неколку добри минути и во првото и во второто полувреме, но тоа не беше доволно за да може да се дојде до нешто повеќе. Со овој пораз тимот на Вардар останасо една победа и едно реми од четири одиграни средби, додека Келце е лидер кој ги има одиграно сите седум натпревари и на нив има пет победи, едно реми и еден пораз.

Откако Чупиќ израмни на 10:10, Душебаев успеа да го донесе и првото водство на Келце од 12:10, а покрај тоа вардарци останаа и со ракометар помалку така што влегоа во нови две минути со проблеми. Алушовски мораше да реагира со тајм-аут, а тоа донесе брз погодок. Сепак, реакцијата од тимот на Келце беше со два нови погодока и веќе беше минус три а Вардар.

Многу се чекаше за нов гол бидејќи Вулф стана сè порасположен, а до крајот имаше еднаков број голови на двете страни, па на одмор се замина со 13:16. Најефикасен во овој дел од средбата е Чупиќ со четири гола, а по двапати прецизни беа Јотиќ, Стоилов и Дибиров. По еднаш во голот на Вулф погодија Дисингер, Калараш и Талески. Во Келце со четири гола најефикасен е Алекс Душебаев.