Вардар одигра најмалку натпревари од сите екипи во ЛШ – само ОСУМ за четири месеци!

Со одложувањето на двата натпревари од 10. коло, Вардар – ПСЖ и Келце – Порто, бројката на одложени средби во групата А од Лигата на шампионите се искачи на 12!

Во сезона во која коронавирусот го води главниот збор, во сезона во која има квалификации за ЕП и ОИ, Светско првенство, многу ќе биде тешко да се усогласат сите термини и да бидат одиграни сите заостанати натпревари.

Следната недела би требало да се одиграат другите два меча од 10. коло, Елверум – Фленсбург и ПИК Сегед – Мешков Брест, па македонскиот и се уште актуелен европски шампион Вардар ќе остане како екипа со најмалку одиграни натпревари оваа сезона во елитното натпреварување – само пет.

Ако ги броиме и трите меча во регионалната СЕХА лига, а со веројатноста дека „црвено-црните“ нема да играат до крајот на 2020 година, тогаш бројката од ОСУМ натпревари за скоро четири месеци е најмалку од сите екипи што се натпреваруваат на високо ниво.

Тоа што Вардар не игра во Суперлигата, и тоа што СЕХА лигата не се игра се уште е голем проблем за стратегот Стевче Алушовски, па и за ракометарите, чија форма стагнира, па дури оди и во надолна линија.

За споредба сите други играат во домашните конкуренции па Веспрем одигра 21 натпревар, Кил има одиграно 18 дуели, а Барселона дури 23. Од групата на Вардар, скоро сите екипи имаат одиграно двојно повеќе дуели од македонскиот тим – Мешков Брест 17, ПСЖ 18, Порто и Митревски 20, Фленсбург 16, Келце 17, па дури и ПИК Сегед кој три пати беше во карантин одигра 12 двобои.

Одложени натпревари во ЛШ:

Вардар – Елверум
ПИК Сегед – Вардар
ПСЖ – Вардар
Порто – Вардар
Вардар – ПСЖ