Вардар нема да биде сам во Веспрем, „Комити“ најавија поддршка

Ракометарите на Вардар загубија со 30-22 од унгарскиот Веспрем во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

И покрај високата негатива, навивачите на „црвено-црните“ најавија поддршка на нивните миленици во Веспрем.

„Комити“ веруваат во чудо и ќе бидат на трибините во „Веспрем Арена“, која е комплетно распродадена за натпреварот.

Двобојот меѓу Веспрем и Вардар се игра в среда со почеток во 18:45 часот.