Вардар Неготино сe екипира – дојде и Орхан Емини

Прволигашот Вардар Неготино за продолжението од сезоната ангажираше засилуваање од тимот на Јехона, Орхан Емини.

Станува збор за ракометар, кој игра на позицијата лево крило, а може да одговори и на плејмејкерската позиција. Емини во својата кариера го носеше дресот и на Риниа.

Својот деби настап во дресот на Вардар Неготино би требало да го има овој викенд кога неговиот нов тим на домашен терен ќе го пречека Младост од Богданци.

Составот на Петар Ангелов со новото засилување ќе ги зголеми шансите во походот кон добивање суперлигашки статус за следната сезона.

Претходно составот од Неготино ги донесе и средниот бек Илија Грозданов и голманот Александар Мицев.

Вардар Неготино по 12 одиграни натпревари се наоѓа на првата позиција на табелата во Групата А. До крајот на регуларниот дел од Првата лига остануваат уште пет кола, а потоа ќе се игра плеј-оф и плеј-аут фазата во прволигашкото друштво.