Вардар му гостува на Скопје, Охрид и Струга на езерско дерби

Во следните четири дена, од сабота до вторник ќе се одиграат натпреварите од третото коло во младинските лиги во машка и женска конкуренција.

Незгодно гостување го очекува Вардар кај Скопје, исто како и Алкалоид кај Пролет. Интересно би требало да биде на двобојот меѓу двете екипи на Металург.

Бутел Скопје ќе биде во потрага по третиот триумф против Голден Арт, додека во езерското дерби ќе се сретнат Охрид и Струга

Младинци, 3 коло, распоред:

Група А
14/11, 15:30 часот, Скопје – Вардар
16/11, 20:00 часот, Пролет – Алкалоид

Група Б
15/11, 19:30 часот, Металург РА – Металург
14/11, 18:30 часот, Борец – Јуниор КВ
14/11, 17:30 часот, Бутел Скопје – Голден Арт

Група В
14/11, 12:00 часот, Еурофарм Пелистер 2 – Енхалон
13/11, 17:00 часот, Охрид – Струга
Еурофарм Пелистер слободен

Група Г
14/11, 16:00 часот, Прилеп – Тиквеш
15/11, 19:30 часот, Партизан Гевгелија – Младост Богданци
Радовиш слободен

Младинки, 3 коло, распоред:

Група А
13/11, 16:00 часот, Спартак – Чаир
14/11, 15:00 часот, Струма – Вардар

Група Б
13/11, 12:00 часот, Куманово – Кузман Вардар
13/11, 17:00 часот, Овче Поле СУ – Металург