Вардар и Еурофарм Пелистер ги дознаа судиите и сатниците за реваншите во СЕХА лигата

Претставниците од Македонија во четвртфиналето од СЕХА лигата, Вардар и Еурофарм Пелистер ги донаа судиите и саатниците за одигрување на реванш натпреварите во СЕХА лигата против Загреб и Мешков Брест.

Возратниот дуел Вардар против Загреб ќе го игра на 31 август во недела со почеток во 20 часот во Загреб. Судии на натпреварот ќе бидат Словаците, Борис Мандак и Марио Рудински.

Еурофарм Пелистер загуби во првиот натпревар од Мешков Брест на домашен терен, а шанса за поправен ќе има на 29 август со почеток во 16 часот во Арената Викторија во Брест. Судии на овој натпревар ќе видат Србите, Иван Мошорински и Александар Панџиќ.

Вардар и Загреб се уште го немаат одиграно првиот натпревар од четвртфиналето кој е закажан за 26 август со почеток во 20:15 часот во спортската сала Јане Сандански.