Вардар и Веспрем не можат еден без друг ниту во корона време! (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар и унгарскиот гигант Веспрем се едни од најголемите ривали.

Веспрем во последно време се обидува да привлече што повеќе вардарци во својот тим и да успее да ја освои долго посакуваната европска титула.

И покрај големото ривалство, членовите на двата тима се во постојан контакт, па дури и во време на коронавирусот.

Па така кондицискиот тренер на Веспрем, а поранешен на Вардар, Марија Лојаница, заедно со физиотерапевтот Немања Вучиќ и уште еден екс член на „црвено-црниот“ тим – Дејан Манасков, имаа видео разговор со физиотерапевтот на европскиот шампион, Димитар Маневски.