Веќе се познати два тима што ќе играат на завршниот турнир во Купот на Македонија, а тоа се Вардар и Бутел Скопје.
Вардарци лесно ја минаа групата со Тиквеш и Радовиш, додека Бутел Скопје имаше потешка задача во финалето против Охрид, а претходно рутински го мина Јуниор КВ.
За последните две места конкурираат уште четири екипи, кои ќе се борат во два дуели – Работнички против Металург, како и Пролет против Еурофарм Пелистер.
Металурзи и битолчани се фаворити за место на Ф4, а третиот патник ќе биде познат в недела кога ќе се одигра натпреварот меѓу Работнички и Металург. Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се игра од 21 до 23 мај.
Куп на Македонија, четвртфинални групи, резултати:
група А
Еурофарм Пелистер 2 – Металург 26-29 (ИЗВЕШТАЈ)
Работнички – КЛ7 33-31 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург – Работнички, недела 17:00 часот
група Б
Пролет – Прилеп 34-25 (ИЗВЕШТАЈ)
Младост Богданци – Еурофарм Пелистер 21-33 (ИЗВЕШТАЈ)
Пролет – Еурофарм Пелистер
група В
Вардар – Тиквеш 42-24 (ИЗВЕШТАЈ)
Астраион – Радовиш 24-39 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Радовиш 35-32 (ИЗВЕШТАЈ)
група Г
Бутел Скопје – Јуниор КВ 32-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Струга – Охрид 17-22 (ИЗВЕШТАЈ)
Бутел Скопје – Охрид 21-19 (ИЗВЕШТАЈ)