Бутел Скопје ја оправда улогата фаворит, оди на дуел против Охрид

Ракометарите на Бутел Скопје се изборија за дуел против Охрид на патот кон Ф4 турнирот во Купот на Македонија откако денеска против тимот на Јуниор Кисела вода обезбедија победа од 32:26.

Дека Бутел Скопје е фаворит на овој дуел беше познато уште пред почетокот на средбата и тоа беше и потврдено на теренот. Сепак, во првото полувреме гостите од Кисела вода одработија добар натпревар и беа рамноправен ривал така што успеаја да се изборат за нерешние 14:14 на крајот од првите 30 минути.

Во вториот дел дојде до израз квалитетот на играчите на Бутел Скопје кои ги имаа расположените Младеновски, Спасовски, Трифковиќ и Мајиќ. Четворицата игра одлично во напад и придонесоа за победа така што на крајот беше 32:26.

Оваа победа му овозможи на составот на Бутел да се избори за дуел против Охрид и оваа пресметка ќе одлучи кој состав оди на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Денеска Младеновски и Спасовски беа најрасположени со по седум гола, Трифковиќ погоди шестпати,а Мајиќ имаше пет гола. Во редовите на Јуниор Кисела вода Мршуља и Бајрактаревиќ беа најефикасни со по седум погодоци.