Вардар има минус четири на полувреме против Монпелје

Ракометарите на Вардар имаат негатива од четири гола, 11:15 после првите 30 минути на дуелот против Монпелје. Гостите одиграа одлично прво полувреме и казнија речиси сè што можеше да се казни така што на одмор Вардар има негатива која ќе мора да се надомести.

Вардар имаше тежок почеток на средбата. Гостите успеаја од почеток да наметнат ритам кој вардарците тешко го следеа. Монпелје отвори подобро и поведе со 2:0, но Вардар брзо врати со два гола.

Тука се влезе во убаво продолжение, но не одеше најдобро во нападот, па Монпелје лесно реализираше. Во 13. минута веќе беше 7:4 и беше многу тешко. На моменти изгледаше добро, но иако Вардар се доближуваше не успеваше и да издржи до крај.

Иако четири минути подоцна откако беа одиграни неколку добри напади резултатот дојде до 7:8, сепак, брзата игра на Монпелје тешко можеше да се следи, пагостите одново отидоа на плус три.

Во 24. минута беше 9:12 и тука веќе беше вклучен алармот, па Вујовиќ мораше да го бара вториот тајм-аут. Следуваше погодок, но и покрај тоа тимот на Вардар никако не успеваше да се избори за приклучок бидејќи гостите од Франција редовно успеваа да дојдат одново до плус три гола.

Се ризикуваше со игра без голман, а тогаш и се грешеше, па гостите погодија на празен гол за 15:11 и високи плус четири разлика после првото полувреме. Дибиров со три гола и Тото со два се најефикасни во Вардар, додека во Монелје, Жулиен Бос има четири гола после првото полувреме.