„Вардар знае да направи пресврт во тешки ситуации, мора да сме сериозни“

Веспрем и Вардар утре го играат реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите во кој Вардар ќе „брка“ висока негатива од првиот натпревар во Скопје. Веспрем во „Јане Сандански“ славеше со 22:30.

Тешка задача е пред Вардар, но во Веспрем знаат дека не смеат да мислат дека ја завршиле работата. Таква порака испрати и ракометарот на унгарскиот тим Кентин Мае.

„Вториот натпревар треба да го сфатиме многу сериозно. Сите сакаме да се пласираме во четвртфиналето, имаме добра предност, но Вардар е силен тим и знаел да направи пресврт во тешки ситуации во Лигата на шампионите. Мораме да бидеме фокусирани и нашата цел мора да биде победа за место во четвртфиналето“, изјави Мае.

Вардар на Веспрем ќе му гостува утре во терминот од 18:45 часот.