Вардар директно во ЛШ, Веспрем ќе бара вајлд-карта!

Откако ПИК Сегед славеше среде Веспрем и ја освои титулата во унгарскиот шампионат, си обезбеди директно место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Покрај унгарскиот првак, во групите од ЛШ има место за македонскиот првак Вардар, како и за Кил и Фленсбург, кои ќе завршат на првото и второто место во Бундес лигата.

Во групите ќе играат и полскиот првак Келце, португалскиот Порто, францускиот ПСЖ, шпанската Барселона, како и данскиот и хрватскиот првак, а тоа најверојатно ќе бидат Алборг и Загреб.

Остануваат уште шест слободни места, односно шест вајлд-карти. Сигурно ќе има најмалку десетина екипи што ќе се пријават, а еден од тие ќе биде Веспрем. Висла Плоцк, Елверум, Динамо Букурешт, Мотор Запорожје, Мешков Брест, Монпелје исто така ќе бараат вајлд-карта…а нема да биде изненадување ако стигне барање и од ЦСКА Москва, Татран Прешов, Спортинг или Бенфика…

Комлетната листа на учесници во ЛШ ќе биде позната следната недела.

Лига на шампиони, 2021/22:

Вардар
ПИК Сегед
Кил
Фленсбург
Келце
Порто
ПСЖ
Барселона
Алборг?
Загреб?
вајлда-карта 1
вајлда-карта 2
вајлда-карта 3
вајлда-карта 4
вајлда-карта 5
вајлда-карта 6