Вардар го смени тренерот во Мотор Запорожје

Екипата на Мотор Запорожје во рамки на Лигата на шампионите претрпе висок пораз 28:38 на гостувањето кај Вардар во последното коло.

Тоа се чини беше причина следниот ден клубот да објави дека соработката со тренерот Ростислав Ланевич ќе заврши на крајот на сезоната. Според информациите на Мотор оваа одлука е донесена после анализите на резултатите сезонава.

Со најавувањето на новиот тренер од наредната сезона екипата на Мотор ги започна подготовките. Од 1. јули на клупата на Мотор ќе седне литванскиот стручњак Гинтарас Савукинас кој го води финскиот Кокс. Договорот е со важност од две години.

На состанокот на кој беше договорен ангажманот на новиот тренер, направен е план за текот на подготовките за новата сезона.