Вардар гостува в сабота кај Радовиш, натпреварот ќе има хуманитарен карактер (ФОТО)

Ракометарите на Вардар по гостувањето кај Кил во Лигата на шампионите в четврток, за неполни 48 часа ќе гостува и кај Радовиш во македонската Суперлига.

Тој натпревар против Радовиш е закажан за сабота на 4 декември од 18:00 часот, а домаќините најавија дека ќе има хуманитарен карактер.

Клубот ги покани сите љубители на ракометот во што поголем број да бидат присутни во салата „25 Мај“ и да се соберат финансиски средства за лекување на малиот Димитри Николов.