Вардар ги доби судиите за дуелот со Флензбург, доаѓаат од Црна Гора

Средбата меѓу Вардар и Флензбург ќе се одигра на 15 октомври од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, а поради пандемијата со коронавирусот нема да има можност за публика на истата.

Веќе се одредени и официјалните лица за овој дуел на кој вардарци ќе се обидат да дојдат до добар резултат.

Судиите се од Црна Гора. Се работи за Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ. Tие добиваат сериозна задача на оваа средба во Скопје така што ќе имаат убав и интересен натпревар за судење.

Што се однесува до позицијата делегат, таму практиката е да има делегати од земјата домаќин. На оваа средба е делегиран Марјан Начевски.

Oва е натпревар од 4. коло, а Вардар има само еден одигран досега бидејќи дуелите со Елверум и Пик Сегед беа одложени.