Вардар во победнички ритам, има плус пет на одмор против Мотор

Екипата на Вардар има позитивен резултат после 30 минути игра на дуелот против Мотор Запорожје и води со 16:11 откако со одлична игра во одбраната и добро завршени напади во игра главно 7 на 6 беше добиено првото полувреме.

Уште на почетокот на средбата се виде дека ова ќе биде одличен натпревар се виде после само десет минути игра во кои беа примени два, а постигнати седум гола.

Алушовски одлучи да тргне во натпреварот со Марко Кизиќ, кој отвори со неколку интервенции и даде сигурност, па беше лесно за десет минути да бидат направени плус пет гола разлика.

Она што беше добро во првите десет минути, сепак, не функционираше во продолжение. Гостите од Украина како да се навикнаа на играта на Вардар и почнаа да играат подобро во одбрана и да го намалуваат водството на „црвено-црните“. Неколку грешки, а потоа и лесно примени голови допринесоа во 22. минута резултатот да биде 11:10 во корист на вардарци.

Затоа до крајот на првиот дел работите си дојдоа на свое место. После тајм-аутот одбраната одново зацврсти и немаше простор за игра. Следниот гол за Мотор беше постигнат дури на 30 секунди пред заминувањето на одмор, но Вардар тогаш имаше 16 погодоци. На тој начин имаше убедлива предност на пауза од пет гола и 16:11.

[soliloquy id=”123689″]

Сташ Скубе со четири гола е најефикасниот во Вардар. Трипати прецизен беше Дибиров, додека Калараш, Горбок и Шишкарев реализира два удари. еднаш реализираа Стоилов, Чупиќ и Де Толедо. Кизиќ го заврши првото полувреме со седум одбрани, а повеќето од нив беа зицер удари. Во Мотор, Маласинскас е прв стрелец со пет гола.