Вардар во друштво на Кил и Барса

Екипата на Вардар се наоѓа во друштво на најквалитетните и најпознатите клубови од Европа, Кил и Барселона според бројот на освоени титули во Лигата на шампионите, кога се во прашање завршните турнири.

Откако е воведен форматот шампионот во ЛШ да се одлучува на фајнал-фор само три клуба имаат освоено повеќе од една шампионска титула, тоа се Барселона со четири, Кил со три и Вардар со два трофеи.

Вардар беше шампион на Европа во 2017 година кога во финалето беше подобар од ПСЖ со 24:23 и во 2019 година совладувајќи го Веспрем во големото финале со 27:24.

Убедливо најтрофеен клуб во историјата на Лигата на шампионите е Барселона со вкупно 11 трофеи, селдуваат Гумерсбах со пет и Кил со четири титули. Вардар со две титули е во друштво на Загреб, Металопластика, Монпелје и Стеауа.