Вардар без Кантегрел, Валчак и Димитриоски, Еурофарм Пелистер без Хендави (ФОТО)

Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го одиграат првото големо дерби оваа сезона што ќе има натпреварувачки карактер.

Двајцата стратези Стевче Алушовски и Жељко Бабиќ не можат да сметаат на цел играчки кадар.

Во домашниот тим ќе отсуствуваат голманот Робин Кантегрел, пикерот Патрик Валчак, како и левото крило Димитар Димитриоски, додека кај битолчани во ростерот ќе ги нема голманот Карим Хендави, одамна повредениот Томислав Кушан, како и левото крило Цветан Кузманоски и средниот бек Дарио Петровски.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер започнува од 17:00 часот, а ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.