Вардар бара утеха против Бутел, битолчани по втор суперлигашки триумф

Утре ќе се комплетира второто коло од Суперлигата, со двата натпревари кои беа поместени поради Суперкупот.

Вардарци по поразот од Еурофарм Пелистер, ќе бараат утеха против Бутел Скопје, кој забележа триумф над Охрид во првото коло. Македонскиот шампион запиша бодови во првата рунда кај Вардар Неготино

Битолчани, пак, по победата над Скопје, на домашен терен ќе пречекаат уште еден тим од главниот град, Голден Арт.

Старо-новиот суперлигаш загуби од Пролет на премиерата, а сега ќе има нов голем предизвик пред себе. Еурофарм Пелистер е во налет и посакува лесни бодови.

Суперлига, 2 коло:

група А
14/9, Вардар – Бутел Скопје, 16:30

група Б
14/9, Еурофарм Пелистер – Голден Арт, 17:00