Вардарци тренираа на фудбалската арена „Тоше Проески“ (ФОТО)

Ракометарите на Вардар веќе трет ден тренираат пред стартот на новата сезона во која ќе имаат домашни и меѓународни предизвици.

Особено внимание се посветува на физичката подготвеност, па за таа цел вардарци тренираа и на арената „Тоше Проески“.

„Црвено-црните“ цело време ќе тренираат во Скопје пред да заминат во Струга, каде ќе играат на Струшкиот турнир.

Потоа ги чека четвртфиналето од регионалната СЕХА лига против Нексе Нашице и мечот од Суперкупот против Еурофарм Пелистер пред стартот на новата сезона.