Вардарци со специјални маички им го честитаа јубилејот на „Комити“ (ФОТО)

Ракометарите на Вардар на загревањето пред дерби натпреварот со Еурофарм Пелистер се појавија во специјални маички.

„Црвено-црните“ ракометари на тој начин им го честитаа јубилејот на нивните најверни поддржувачи на сите натпревари.

Навивачката група „Комити“ слави 35 години од формирањето, а сигурно најубав подарок за оваа годишнина би бил триумф над битолскиот клуб.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.