Вардарци се тестираа на Ковид-19, резултатите во текот на утрешниот ден!

Ракометарите на европскиот првак Вардар денеска беа тестирани на Ковид-19, а резултатите ќе ги добијат во текот на утрешниот ден.

Доколку се биде во ред, тренерот Стевче Алушовски утревечер од 18:00 часот ќе ја изврши првата прозивка, а ќе биде одржан првиот тренинг на отворено.

Од првиот собир ќе отсуствува Иван Чупиќ, кој на тимот би требало да му се приклучи во текот на следната седмица.

Додека да ги добијат протоколите за работа во сала, вардарци ќе тренираат на отворено и во теретана.

Првите тестови „црвено-црните“ најверојатно ќе ги имаат на Струшкиот турнир, каде што ќе играат само против македонски екипи.