Вардарци почнаа на Златибор, го одработеа првиот тренинг (ФОТО)

Ракометарите на Вардар од денеска го стартуваа делот на подготовките кој треба да го одработат на Златибор, а на далеку пониски температури ќе имаат можност десет дени да ја креваат подготвеноста за новата сезона.

Ракометарите веќе го одработеа и првиот тренинг така што сè според планот.

Со исклучок на олимпиецот Гурбиндо сите други ракометари се на располагање и го одработеа тренингот така што Веселин Вујовиќ ќе ги има на располагање сите други ракометари на кои планира за новата сезона.

Оваа фаза од подготовките секако е доста важна и ќе донесе многу за во продолжение кога ќе почне делот на играње на контролни средби.

После 11 август ќе биде доста напорно за сите бидејќи ќе треба да бидат одиграни неколку турнир пред стартот на официјалните средби.