Вардарци палат мотори на 10 јануари

Ракометарите на Вардар ќе ги започнат подготовките за пролетниот дел од сезоната на 10 јануари, без оние кои имаат репрезентативни обврски.

Под водство на новиот стратег Давид Дејвис, „црвено-црните“ ќе се подготвуваат за многу предизвици напролет.

Вардарци ќе се борат за титули во Суперлигата и во Купот на Македонија, а ќе имаат и меѓународни обврски во СЕХА и во ЛШ.

Македонскиот првак го очекуваат уште четири кола во елитното натпреварување, во кои ќе се бори за место во осминафиналето.